Од протестниот марш против фемицидите во Скопје, 8 ноември 2026 · Фотографија објавена од АФЖ – Левица
Организаторите бараат истрага и одговорност за институционални пропусти.
Протестот завршува пред Министерството за образование и наука.
Граѓански протест против фемицидите и институционалното непостапување се одржува денеска во паркот „Жена Борец“ во Скопје. Маршот е организиран од неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“.
Учесниците се движат од паркот покрај Собранието и Министерството за правда до Министерството за образование и наука.
Организаторите бараат истрага за убиството на Билјана Кириќ и утврдување одговорност за евентуални институционални пропусти. Меѓу барањата се и усвојување законски измени за заштита од насилство врз жените и семејно насилство.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.