Скопје 2°
Локални вести
Редакција: Град СкопјеИспрати тема

Мени на Град Скопје

Редакција:Град СкопјеЛокални вести и информации
Испрати тема

ГРЕКО го посети Град Скопје во рамки на евалуацијата за интегритетот на локално ниво

Извор на фотографијата: Државна комисија за спречување на корупцијата
Извор на фотографијата: Државна комисија за спречување на корупцијата
  • Град Скопје беше избран за евалуацијата заедно со Општина Куманово.
  • Средбите во Град Скопје се одржаа на 5 и 6 ноември.
  • ГРЕКО ќе подготви извештај со опис на состојбата, оценки и препораки.

На 5 и 6 ноември експертскиот тим на ГРЕКО го посети Град Скопје, кој заедно со Општина Куманово беше избран за евалуацијата во рамки на Шестиот евалуациски круг.

Посетата беше дел од евалуацијата посветена на спречување корупција и промовирање интегритет на локално ниво. Во Град Скопје тимот се сретна со градоначалникот, членови на Советот и општински службеници задолжени, меѓу другото, за интегритет, јавни набавки, урбанизам и внатрешна ревизија.

Тимот ја заврши посетата во Македонија, одржана од 2 до 6 ноември. Следен чекор е подготовка на извештај со опис на состојбата, оценки и препораки. Државната комисија за спречување на корупцијата ја организираше посетата во соработка со Министерството за правда.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.