Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Шест лица се лишени од слобода на различни локации во Скопје.
Кај нив биле пронајдени различни материи, меѓу кои и марихуана.
По целосното документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Полицијата лиши од слобода шест лица на различни локации во Скопје, каде што кај нив биле пронајдени и одземени различни материи.
Станува збор за Б.К. (33), М.А. (33), М.Ц. (35) и М.И. (18), сите од Скопје, С.Г. (23) од Огњанци, скопско, и Н.Т. (37) од Свети Николе.
Кај нив биле пронајдени бела прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, грутчеста материја и марихуана. По целосното документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.