Часот го одржаа главната инспекторка Катерина Стојанова, главниот инспектор Агим Али и инспекторот Ангел Самараков. Целта беше да се подигне свеста кај учениците за овие појави.
Покрај превенцијата од насилство и булинг, беа обработени и ризиците што ги носи употребата на алкохол и наркотични супстанции. На часот беше прикажана презентација со наслов „Проект Безбедност во училиштата“.
Училиштето порача дека секој ученик заслужува да се чувствува безбедно и почитувано во училишната средина. Учениците што доживуваат или забележуваат булинг ги повика да разговараат со возрасен кому му веруваат.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.