Обуките, организирани од Центарот за развој на стручното образование (ЦРСО) со поддршка на УНИЦЕФ, се одржаа од 19 до 30 октомври 2026 година. По една обука имало и во Битола и Охрид.
Според ЦРСО, целта била да се зајакнат знаењата и компетенциите на менторите за насочување, поддршка и следење на учениците што учат преку работа во реална работна средина.
Меѓу темите биле улогите и одговорностите на менторите, соработката меѓу училиштата и компаниите, инклузивното менторство и создавањето безбедна и поттикнувачка средина за учење. Обуките опфатиле и зелени вештини и одржливи практики на работното место.
ЦРСО наведува дека продолжува да ја зајакнува соработката со работодавачите и да работи на унапредување на квалитетот на стручното образование, за учениците да стекнуваат знаења и вештини што одговараат на потребите на пазарот на трудот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.