Објаснувањата беа придружени со слики од заби на екран и приказ со модел на вилица. И ученици го користеа моделот со четка, приближувајќи ја темата за грижата за забите преку непосредно искуство.
Д-р Александра зборуваше за правилната грижа за забите и за развивањето здрави навики од најрана возраст. Сподели совети и искуства од својата професија, а учениците имаа можност да поставуваат прашања за редовната грижа за сопственото здравје.
Средбата беше дел од активностите за унапредување на соработката меѓу училиштето и семејството, со вклучување родител кој своето професионално знаење им го приближи на децата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.