Општината наведува дека ја унапредува активната транспарентност со цел граѓаните навремено да добиваат информации за работата на локалната самоуправа и за своите права и обврски.
Активната транспарентност подразбира институциите самостојно и навремено да објавуваат информации, без граѓаните претходно да поднесат барање. Според општината, проактивното објавување придонесува за поголема отчетност, одговорно управување со јавните средства и почитување на принципите на добро владеење и интегритет. Информациите треба да бидат лесно достапни, разбирливи, релевантни и употребливи за граѓаните.
Општина Карпош наведува дека продолжува да гради отворена, транспарентна и отчетна локална самоуправа, со почитување на правото на граѓаните на информираност.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.