Книгите се носат пред училишната библиотека, од 11 до 14 часот.
За секоја донесена лектира следува подарок изненадување.
ООУ „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром повикува на собирање лектири за збогатување на училишната библиотека. За секоја донесена лектира, училиштето најавува подарок изненадување.
Лектирите ќе се собираат од 16 до 27 ноември 2026 година, пред училишната библиотека, од 11 до 14 часот.
Акцијата е насловена „Стара лектира нова приказна“, со повик старите лектири да ја најдат својата нова адреса во библиотеката.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.