Работејќи околу училишните маси, учениците го подготвуваа овошјето и го распоредуваа во чинии и садови. На крајот од часот ги дегустираа салатите што ги направија. Од училиштето велат дека децата со задоволство и ентузијазам се вклучиле во подготовката и со радост ги пробале своите креации.
Училиштето ја поврзува оваа практична работа со учењето за важноста на здравата исхрана. Според ООУ „Његош“, ваквите активности им помагаат на учениците да развиваат практични вештини, креативност и тимска работа.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.