Творечката работа ја поврзаа со разговори за значајни моменти од историјата на Скопје, неговите културни и историски знаменитости и луѓето што се бореле за неговата слобода. Преку едукативните и креативните активности го одбележаа празникот на градот во кој живеат и растат.
На табла беа изложени детските цртежи со градски објекти, знамиња и срца, покрај плакат со натпис „Скопје е мојот град!“. На изработките во форма на срце стоеја „13 Ноември“ и „Скопје, градот што го носам во срцето!“. Училиштето ја издвои пораката од активностите: градот да се чува, почитува и сака.
Со одделението работеа одделенските наставнички Надица Рајковска и Тања Цветаноска.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.