Фотографија од настанот · Јавна установа општинска детска градинка Орце Николов-Скопје
Групата „Лавчиња“ во октомври ја обработуваше емоцијата среќа.
Разговорот, дружењето и творењето беа насочени кон емоционален развој.
Препознавањето, разбирањето и изразувањето на среќата беа во средиштето на октомвриските активности на децата од групата „Лавчиња“ во објектот „Први стапки“ на градинката „Орце Николов“ во Скопје. Тие ја обработуваа оваа емоција преку проектот „Штом сум среќна, штом си среќен“.
Низ разговор, дружење и креативно творење, децата имаа можност да ги споделуваат своите чувства. Дел од проектот беа и рачно напишани пораки на листови што почнуваат со „Среќа е да…“.
Активностите беа насочени кон развивање на емоционалната интелигенција, со посебен акцент на правилното изразување на среќата. Целта беше да се поттикнат и емпатијата, самодовербата и позитивната слика за себе кај децата.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.