Разговорот за различностите го поврзаа со детско творештво. Во заедничката изработка вклучија хартиени дланки во различни бои и илустрации на деца од различни средини.
Училиштето ја опиша изработката како симболична порака дека различностите треба да ги поврзуваат луѓето, а не да ги разделуваат, и дека секој е еднакво важен и заслужува почит. Добрината, почитта, разбирањето и пријателството беа дел од пораката, со цел да се гради училишна средина во која секое дете ќе се чувствува прифатено, почитувано и еднакво вредно.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.