Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Меѓу четворицата лишени од слобода во Скопје е и 17-годишник.
Според МВР, одземени се марихуана и бела грутчеста материја.
Четири лица, меѓу кои и 17-годишник, вчера беа лишени од слобода на различни локации во Скопје. Според МВР, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја.
Полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С. (30), А.К. (24) и 17-годишник, сите од Скопје, како и Д.П. (22) од селото Табановце, кумановско.
МВР најави дека по целосното документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.