Фотографија од настанот · ООУ Киро Глигоров – Центар
Учениците од III-а имаа час за пренесување и заштита од вируси и бактерии.
Часот по Природни науки го одржа родителката фармацевт Марина Стојанов.
Како се пренесуваат вирусите и бактериите и како да се заштитиме беше темата на часот по Природни науки што го проследија учениците од III-а одделение во ООУ „Киро Глигоров“ во Центар. Содржините им ги претстави родителка која е фармацевт.
Часот го одржа Марина Стојанов, која своето стручно знаење го сподели со учениците. Училиштето оцени дека таа им ја објаснила темата на разбирлив и интересен начин и им помогнала да стекнат корисни знаења за зачувување на сопственото здравје.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.