Фотографија објавена на јавниот профил на Ј.П “Водовод и канализација”-Скопје
Екипите денеска чистеа сливници и отпушуваа атмосферска канализација во Скопје.
Претпријатието апелираше корисниците да не фрлаат отпад во канализацијата.
Екипите на секторот Канализација при ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје денеска чистеа сливници и отпушуваа атмосферска канализација во градот. Работниците отстрануваа лисја и отпад од уличните сливници и покрај работ на коловозот.
Со денешните интервенции беа опфатени и расчистување шахти и чистење фекални шахти. Работите се дел од одржувањето на водоводната и канализационата мрежа, со цел подобрување на квалитетот на услугите за корисниците.
Од претпријатието апелираа до скопските корисници да се однесуваат одговорно кон канализациониот систем и да не го користат како место за одлагање отпад.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.