Во СВР Скопје денеска во 03:30 часот било пријавено дека вчера околу 20:00 часот, во дом на подрачјето на Бутел, С.Д. (34) физички ја нападнал својата малолетна ќерка.
Во другиот случај, 36-годишна жена вчера во 13:15 часот пријавила во СВР Скопје дека на 14 ноември околу 18:30 часот, во домот на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од својот сопруг Б.Д. (52).
За двата пријавени случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци. МВР апелира граѓаните да не го премолчуваат семејното насилство и навремено да го пријавуваат. Жртвите, како и секој што има сознанија дека друго лице е изложено на насилство, можат да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.