Фотографија од настанот · ЈП за благосостојба на животни скитници „Лајка“-Скопје
Сара, кучето познато по локалите во Дебар Маало, бара свое семејство.
Сара има околу шест години и е социјализирана со луѓе и други кучиња.
За неа се бара човек или семејство што ќе ѝ обезбеди дом.
Сара, кучето познато по локалите во Дебар Маало, бара свое семејство. ЈП „Лајка“-Скопје упати повик за нејзино вдомување, претставувајќи ја како „најпознатата кафанска дама“ од маалото.
Сара има околу шест години и е социјализирана со луѓе и други кучиња. Од „Лајка“ ја опишуваат како дружељубива, навикната на друштво и со долг стаж по дебармаалските локали, меѓу келнерите и гостите.
За неа се бара човек или семејство што ќе ѝ обезбеди дом. Заинтересираните за вдомување можат да испратат порака до ЈП „Лајка“.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.