Фотографија од настанот · ООУ Кирил и Методиј – Гази Баба
Петтоодделенците создаваа пораки и творби посветени на книгата и читањето.
Активноста ги поврза македонскиот и албанскиот јазик за поттикнување на читањето.
Учениците од петто одделение во ООУ „Кирил и Методиј“ во Гази Баба создаваа пораки и креативни творби посветени на книгата по повод Месецот на книгата. Активноста ги поврза наставните предмети македонски јазик и албански јазик, со цел да ги мотивира учениците да читаат на двата јазика.
Преку своите идеи и творби, учениците ја нагласија важноста на читањето, знаењето и љубовта кон пишаниот збор. Пораките за книгата и читањето беа поставени на црвено пано со цртежи, хартиени срца и есенски лисја.
Креативната едукативна активност се одржа на часот по македонски јазик, под менторство на наставничката Анета Кузмановска и одделенската наставничка Музафера Шабани.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.