Право на учество имаат управителите и овластените претставници на колективните станбени објекти. Барањата се поднесуваат во Архивата на Општина Гази Баба.
Проектот ќе се спроведува во соработка со ЈКП „Гази Баба 2007“. Претпријатието ќе учествува во изборот на соодветни садници, ќе ја утврдува погодноста на локациите и ќе учествува во организираното засадување.
Целта е да се збогати постојниот зелен фонд и да се уредат заедничките дворови. Со активноста се настојува да се заштити и унапреди животната средина, да се подобрат микроклиматските услови и квалитетот на живеење и да се создаде поздрава и попријатна околина за жителите.
На официјалната страница на Општина Гази Баба се достапни јавниот повик, изјава за одржување на садниците и изјава за согласност за садење на површината.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.