Во воведната презентација, зелената хемија беше објаснета како создавање корисни производи со помало штетно влијание врз луѓето и природата. Помалку отпад, помалку загадување и побезбедни материјали беа претставени како нејзини основни насоки.
Преку едукативни и истражувачки активности, учениците ќе истражуваат како намалувањето на употребата на опасни супстанции и спречувањето на загадувањето можат да придонесат за заштита на животната средина и зачувување на здравјето на луѓето и природата.
Целта е да се поттикне еколошката свест и да се покаже улогата на хемијата не само во проучувањето на материите и нивните промени, туку и во создавањето поздрава и поодржлива иднина. Проектот ќе продолжи во уште два термини во текот на ноември.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.