Во презентацијата за правото на живот и развој беа опфатени условите што му се потребни на секое дете за да расте и да се развива, како и правото да добива грижа и поддршка. Заштитата од насилство и опасност беше претставена како дел од овие права.
Малезанска и учениците разговараа за човековите права и правата на децата преку примери и споделени размислувања. Акцентот беше на тоа децата да ги знаат сопствените права, но и да ги почитуваат правата на другите.
Од училиштето ја нагласија пораката дека секое дете има право да биде сакано, почитувано и заштитено. Ваквите средби ги оценија како придонес кон интерактивното учење и развивањето свесни, одговорни и хумани личности.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.