Обновена е хоризонталната сигнализација, односно ознаките на коловозот, на патот Илинден – Ајватовци – Мршевци во должина од 6.000 метри и на правецот Марино – Кадино – Миладиновци – ОКТА во должина од 7.000 метри.
Во Кадино е обележана улицата „3“, кон автопатот, во должина од 850 метри. Работите ја опфатија и улицата „500“ во Марино со 2.300 метри, како и улиците „9“ и „2“ во Илинден во вкупна должина од 2.600 метри.
На улицата „500“ во Јака се поставени 15 нови сообраќајни знаци. На улицата „9“ започна поставувањето патни маркери, а Општината најавува и дополнителна вертикална сигнализација во наредниот период.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.