Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денес зеде 44 примероци од водоводната мрежа на Скопје. Два од нив се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец.
За сите земени примероци е најавена физичко-хемиска и микробиолошка анализа во лабораториите на Секторот, акредитирани согласно „ISO“ 17025:2018. Анализите ќе се изработат според основниот преглед А од Прилог 4 на Правилникот бр. 183/2018.
Дневниот мониторинг се спроведува според Прилог 2, Дел Б од истиот правилник. Примероците се земени според методата МКС „ISO“ 5667-5, која го уредува земањето примероци вода за пиење од пречистителни станици и водоводни дистрибутивни системи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.