ДОМ бара итна примена на најстрогите европски стандарди за емисии и предупредува дека контролата врз работењето на „Титан Усје“ не смее да се сведе на формални инспекциски надзори. Барањата ги повторува во контекст на прашањата за влијанието на индустриските капацитети врз воздухот.
Покрај контролата на емисиите, партијата бара сериозен пристап кон нејзиниот модел „Зелен урбан трансфер“, чија цел е трајно преместување на тешката индустрија надвор од урбаното јадро на Скопје.
ДОМ ја критикува декларативната грижа за животната средина и порачува дека здравјето на скопјани не смее да биде помалку важно од профитот на индустријата. За партијата, чистиот воздух е право, а не привилегија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.