Одбележувањето опфати активности во текот на седмицата. Учениците изработуваа ликовни творби, подготвуваа реферати, поезија и презентации за животот и делото на Крсте Мисирков. Засадија и цвеќе во училишниот двор, а се одржаа и спортски активности.
Во одбележувањето, учесници во училишниот ходник држеа големо македонско знаме, со жолто сонце и зраци на црвена подлога.
На свечената приредба учениците настапија со музика, танц, сценски настапи и уметнички изведби посветени на јазикот, традицијата и татковината.
Од училиштето го опишаа Мисирков како симбол на македонскиот идентитет, јазик и национална свест. Порачаа дека неговите идеи потсетуваат на потребата да се чуваат и негуваат јазикот, знаењето и љубовта кон татковината.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.