Според Левица, родителите и во 2026 година носат тоалетна хартија и сапуни во училиштата. Огранокот наведува дека за хигиена од државата се добиваат околу 7.000 евра, додека Општината издвојува само околу 40.000 денари сопствени средства.
Левица побара објаснување кој и како ќе го оправда кратењето. Партијата ја критикува противречноста меѓу заложбите за квалитетно образование и подобри услови за децата и кратењето средства за греење, хигиена, поправки и одржување на училишните објекти.
За огранокот, тоалетната хартија, сапунот, греењето и основното одржување не се луксуз, туку минимални услови што Општината е должна да ги обезбеди.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.