Прекинот на водоснабдувањето ќе почне вечерва во 22 часот.
Работите во хидрофорот Глумово ќе траат до завршување на санацијата.
Вечерва од 22 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците што се снабдуваат преку хидрофорската постројка Глумово и пумпната станица Горна Матка, најави ЈП „Водовод и канализација“-Скопје.
Причина за прекинот е санација на потисниот дел во хидрофорот Глумово. Двете постројки ќе бидат во прекин до завршување на работните активности, кога ќе се обнови водоснабдувањето.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.