Фотографија објавена на јавниот профил на Аврам Писевски — Карпош
Презентацијата за толеранција беше наменета за учениците од V одделение.
Библиотекарката Татјана Митрички ја обработи темата преку разговор, примери и интерактивни активности.
Меѓусебното почитување и прифаќањето на различностите беа темите на кои работеа учениците од V одделение во ООУ „Аврам Писевски“ во Карпош, на едукативна презентација посветена на толеранцијата.
Презентацијата ја одржа библиотекарката Татјана Митрички. Преку разговор, поучни примери и интерактивни активности, учениците учеа и за значењето на другарството и убавите зборови во односите со другите.
Од училиштето оценуваат дека ваквите средби поттикнуваат создавање потопла и попријателска училишна средина за сите ученици.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.