Извор на фотографијата: Дирекција за технолошки индустриски развојни зони
Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, денеска одржа работна средба со Франциско Мадеира, директор на Линамар Аутомотив Стрекчерс, компанија што работи во ТИРЗ Скопје 2. Разговараа за соработката, тековните активности и можностите за понатамошен развој на компанијата.
Мадеира ги презентираше тековните активности на компанијата и перспективите за нејзиниот понатамошен развој.
На средбата се разговараше и за институционалната соработка и континуираниот дијалог како можности за унапредување на деловното работење и иден раст.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.