Фотографија објавена на јавниот профил на ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“-Скопје
Анастасија Пецевска од „IV-1“ клас освои прва награда.
Втора награда добија шестмина ученици од прва и четврта година.
Петар Попоски од „IV-1“ клас доби трета награда.
Осум ученици од ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ од Скопје денес добија награди на натпреварот со експерименти на ПМФ, на XLIII школа „Млади физичари“. Анастасија Пецевска освои прва награда, шестмина ученици добија втора, а еден ученик трета награда.
Пецевска е ученичка во „IV-1“ клас. Од истиот клас, Лука Алексовски и Сара Кочовска освоија втора награда, а Петар Попоски доби трета награда.
Втора награда освоија и четири ученички од „I-2“ клас: Јона Адеми, Анеса Сулејмани, Деа Расими и Лина Мјаки.
Учениците настапија на натпреварот заедно со професорката по физика Жаклина Маневска.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.