Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Според пријавата, заканите биле упатени кон жената и нејзиниот партнер.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот на Бит Пазар.
Триесет и едногодишна жена пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг заедно со други роднини се обиделе насилно да влезат во нејзиниот дом на подрачјето на Бит Пазар, по што ѝ се заканиле нејзе и на нејзиниот партнер.
Според пријавата, поранешниот сопруг Б.Д. и роднините дошле пред вратата на домот вчера околу 02:30 часот. Жената го пријавила случајот во СВР Скопје истиот ден во 11:05 часот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.