Фотографија од настанот · НУ Музеј на македонската борба за самостојност-Скопје
Изложбата ги опфаќа животот, творештвото и културниот придонес на поетесата.
Семејството Андреевски донирало лични предмети на Светлана Христова-Јоциќ.
Изложба посветена на македонската поетеса Светлана Христова-Јоциќ беше отворена вчера во постојаната поставка на Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. Нејзини лични предмети донирало семејството Андреевски.
Авторка на изложбата е Ана Китановиќ, а темата ги опфаќа животот, творештвото и културниот придонес на поетесата.
На отворањето, во име на семејството донатори, се обрати Сергеј Андреевски. Говореа и авторката Китановиќ и директорката на музејот, Анче Илиевска.
Изложбата е реализирана со поддршка од Годишната програма на Министерството за култура и туризам.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.