Фотографија од настанот · Основно училиште Војдан Чернодрински-Скопје
Ника Трифуновска настапи со „Бесни глисти“ на детскиот фестивал „Златно славејче“.
Другарчињата во публиката држеа листови со нејзиното име.
Автори на песната се Драган Спасов - Дац и Александар Митевски.
Ника Трифуновска денес настапи со песната „Бесни глисти“ на детскиот фестивал „Златно славејче“. Во публиката беа и учениците од IV-а одделение од скопското основно училиште „Војдан Чернодрински“, кои ја поддржаа својата другарка.
Неколку ученици во салата држеа рачно напишани листови со името „Ника“. Од училиштето изразија радост и гордост за нејзиниот настап, оценувајќи дека таа ја покажала својата музичка дарба и љубов кон сцената.
Текстот за „Бесни глисти“ го напиша Драган Спасов – Дац, а музиката и аранжманот се на Александар Митевски.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.