Фотографија објавена на јавниот профил на ООУ Лазо Ангеловски — Аеродром
Квизот по противпожарна заштита беше наменет за основците од Аеродром.
„Лазо Ангеловски“ го претставуваа тројца ученици од „IX-4“ одделение.
Тројца ученици од ООУ „Лазо Ангеловски“ учествуваа на традиционалниот 40. квиз-натпревар по противпожарна заштита, наменет за основците од Општина Аеродром во Скопје.
Училиштето го претставуваа Филип Цоковски, Матеа Анакиевска и Јована Стевков, сите од „IX-4“ одделение.
Од „Лазо Ангеловски“ го оценија нивното учество како покажување знаење, одговорност и свесност за важноста на противпожарната заштита и безбедноста.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.