Фотографија објавена на јавниот профил на ООУ Киро Глигоров – Центар
Томи Ќудина освои трета награда со експериментот „Лебдечки автомобил“.
Мила Иваноска и Ема Талевска го презентираа „Мост со електромагнет“.
Менторка на учениците беше наставничката по физика Фросина Мантева Шутаров.
Томи Ќудина, ученик од ООУ „Киро Глигоров“ во Центар, освои трета награда на 48. Школа „Млади физичари“ со експериментот „Лебдечки автомобил“.
Учениците од училиштето се претставија со два експеримента на школата, која беше дел од Месецот на науката. Покрај наградениот експеримент на Томи, Мила Иваноска и Ема Талевска го презентираа „Мост со електромагнет“.
Експериментите ги подготвија под менторство на наставничката по физика Фросина Мантева Шутаров.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.