Среќното детство, љубовта, играта и другарството беа темите на детските цртежи. Учениците подготвија и пораки на обоени картони за слободата и времето за игра, мирот и потребата светот да биде безбедно место за сите деца.
Во училницата беше поставен плакат „Правата на децата“, со полиња посветени на правото на образование, семејство, родителска грижа, живот и заштита од насилство и занемарување. Меѓу наведените права беа и слободата на изразување и пристапот до информации.
Правото на име и државјанство беше претставено преку изработени шарени картички во облик на лични карти, кои децата ги држеа заедно со другите изработки.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.