Училиштето ја оцени средбата како поттик за љубопитноста, креативното и критичкото размислување кај децата, но и за храброста да поставуваат прашања и радоста да откриваат нови светови преку книгите.
Средбата се одржа во пресрет на 20 ноември, Светскиот ден на детето, како дел од „European Authors Day“ #„ReadForReal“ 2026. Со неа училиштето се вклучи во европската иницијатива која ги поврзува авторите, читателите и образовните заедници низ Европа.
Настанот беше организиран во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“. Иницијаторка и организаторка беше наставничката Јелена Богдановиќ, а средбата ја модерираа наставничките Ленче Кузмановска и Менка Чадиноска.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.