Најважно
Скопје 2°
Најважно
Локални вести
Редакција: Град СкопјеИспрати тема

Мени на Град Скопје

Редакција:Град СкопјеЛокални вести и информации
Испрати тема

Стаменкоска-Трајкоска: Кисела Вода е отворена за поблиска соработка со Романија

Фотографија од настанот · Бети Стаменкоска - Трајкоска
Фотографија од настанот · Бети Стаменкоска - Трајкоска

Кисела Вода е отворена за поблиска соработка со Романија и за размена на добри искуства на локално ниво, порача градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска по повод приемот во Скопје за претстојниот Национален ден на Романија.

Стаменкоска-Трајкоска ги оцени односите меѓу Македонија и Романија како традиционално пријателски. На романската амбасадорка Адела-Моника Аксинте и на романскиот народ им го честита празникот со желби за натамошен напредок, мир и благосостојба.

Градоначалничката присуствуваше на приемот во хотелот „DoubleTree by Hilton“ на покана на амбасадорката Аксинте. Меѓу гостите беше и претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.