Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Учениците разговараа за тоа зошто е важно секое дете да биде слушнато.
Четвртоодделенците дознаа повеќе за улогата на Народниот правобранител во заштитата на детските права.
Учениците од „IV-2“ одделение од училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во општина Центар го посетија Народниот правобранител, каде што разговараа за тоа зошто е важно секое дете да биде слушнато, почитувано и заштитено. Повод за посетата беше 20 ноември, Светскиот ден на детето.
Низ разговор и дружење, учениците дознаа повеќе за работата на Народниот правобранител и за улогата на институцијата во заштитата на детските права. Од училиштето оценија дека посетата им помогнала на четвртоодделенците подобро да ги разберат и своите права и своите одговорности.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.