Третоодделенците ја прочитаа и ја анализираа приказната од книгата „Градина полна латици“ на македонскиот автор, а во изработката на „Ѓердан на приказната“ ги водеше нивната одделенска наставничка Кристина Цветковска. Со тоа ја продолжија работата од работилницата за креативно читање, размислување и раскажување, одржана во петокот, на 20 ноември.
Изработката на ѓерданите е дел од проектот на училишната библиотека „Читај! Мисли! Раскажувај!“. Целта е децата подлабоко да го разберат прочитаното, самостојно да размислуваат, да ги искажуваат своите ставови и да ја развиваат креативноста.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.