Скопје 2°
Локални вести
Редакција: Град СкопјеИспрати тема

Мени на Град Скопје

Редакција:Град СкопјеЛокални вести и информации
Испрати тема

На улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје се гради пешачка патека

Фотографија од настанот · Ј.П ”Улици и патишта”-Скопје
Фотографија од настанот · Ј.П ”Улици и патишта”-Скопје
  • Екипите на ЈП „Улици и патишта“ денеска поставуваат пешачка патека на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје.
  • За патеката екипите машински го ископуваат теренот и го израмнуваат тампонскиот слој.
  • На булеварите „Видое Смилевски Бато“ и „Србија“ екипите машински го стругаат асфалтот на местата со колотрази.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ денеска поставуваат пешачка патека на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје. На истата улица поставија и нови заштитни столбови.

За патеката екипите машински го ископуваат теренот и го израмнуваат тампонскиот слој. На булеварите „Кочо Рацин“ и „Партизански Одреди“ и на улицата „Антон Попов“ ги поправаат оштетените заштитни столбови.

На булеварите „Видое Смилевски Бато“ и „Србија“ екипите машински го стругаат асфалтот на местата со колотрази. На кракот 38 од булеварот „Македонско Косовска Бригада“ машински го отстрануваат оштетениот асфалт, а на крстосницата на булеварот „Гоце Делчев“ со улицата „Филип Втори“ ги израмнуваат пропаднатите шахти со коловозот.

На семафоризираните крстосници екипите ги отстрануваат дефектите на семафорите и светлосната опрема. На градските сообраќајници работат и ноќе на одржување на сигнализацијата и сообраќајната опрема.

Во Мега парк Карпош екипите подготвуваат патеки за асфалтирање, а во Зоолошката градина бетонираат платформа во живеалиштето на коњите.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.