Од гостувањето учениците дознаа кој сѐ работи на една новинарска приказна. Покрај работата на репортерот, се запознаа со задачите на снимателот, презентерот, фотографот, фоторепортерот и режисерот. Во вежбата и самите се испробаа како новинари и репортери, сниматели и фотографи, но и како соговорници кои одговараат на прашања.
Вежбата беше дел од темата „Медиумска култура“ по македонски јазик. Според училиштето, средбата ги возбудила учениците и им побудила интерес за новинарството, а низ практичната работа совладале како да состават новинарски текст и да пренесат информација.
На крајот од часот заклучија дека секој може да известува или да фотографира во секојдневниот живот, а со тоа може да се занимава и професионално. Учениците ќе можат да го применат наученото кога ќе обработуваат теми и настани од своето училиште.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.