Фотографија објавена на јавниот профил на Јавна установа за деца – Детска градинка Буба Мара- Скопје
Жена во народна носија им понуди печиво на децата.
Родителите беа поканети да донесат традиционални македонски јадења.
Жена во народна носија им понуди на децата да земат парче печиво од послужавник на есенскиот базар што вчера се одржа во „Буба Мара 1“ во Скопје.
За базарот „Есенска трпеза – мириси и вкусови на македонската традиција“, градинката ги покани и родителите да донесат домашни или пакувани традиционални македонски јадења. Трпезата беше во салата на објектот, а родителите беа поканети од 14:30 до 15:30 часот.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.