Покрај патеките, се обновува и постојната урбана опрема и дополнително се уредува парковското зеленило. Ѓорѓиевски рече дека сака паркот, каде што генерации скопјани се среќавале, шетале и се одморале, да остане уреден и за следните генерации.
Претходно беше обновено спомен-обележјето на децата бегалци, кое беше вандализирано. Кај фонтаната повторно гори Вечниот оган, откако извесно време беше згаснат. За Ѓорѓиевски, грижата за овие обележја е начин да се зачува и сеќавањето по кое паркот е посебен.
Градоначалникот најави дека Градот ќе продолжи редовно да ги одржува скопските паркови и да создава нови зелени површини.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.