Според училиштето, токму медицинските средства предизвикале посебен интерес кај учениците. Преку нив третоодделенците имаа можност одблизу да се запознаат со работата на здравствените работници и со тоа како се грижат за пациентите.
На работилницата „Здравје“, Јакимовска разговараше со децата и за тоа како самите да се грижат за своето здравје уште од мали нозе. Зборуваа за правилна и разновидна исхрана, за редовно пиење вода и за физичка активност. Разговараа и за личната хигиена и чистотата во домот, како и за препознавање и спречување болести предизвикани од вируси и бактерии.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.