Трпевска гостуваше во паралелката за да им ја претстави својата професија. Со фотографии и практични примери им објасни како геодетите го мерат земјиштето, како изработуваат карти и планови и зошто нивната работа е важна и за поединечна градба и за планирањето на цели градови. Учениците пред себе имаа листови со шеми поделени на нумерирани полиња.
Според одделенските наставнички Лиле Поповска и Маја С. Урдаревиќ, децата љубопитно и активно се вклучиле во разговорот и научиле колку знаење, прецизност и одговорност бара работата што стои зад секоја градба.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.