Фотографија објавена на јавниот профил на Гоце Делчев — Центар
Работилницата беше дел од проектот „Животот во минатото“.
Посетата ја организираше наставничката по историја Калина Митевска.
Учениците од VII-б одделение од училиштето „Гоце Делчев“ во општина Центар на 12 ноември истражуваа како живееле луѓето во минатото. На работилница во Музејот на македонската борба ги разгледуваа изложените предмети и работеа на листови.
Работилницата беше дел од проектот „Животот во минатото“. Целта беше учениците преку истражување и интерактивни активности подобро да ги запознаат традициите и историското наследство. Посетата ја организираше нивната наставничка по историја Калина Митевска.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.