Фотографија објавена на јавниот профил на Александар Стојкоски
Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, најави фотоволтаична централа од 80 kW со батерии за општинскиот објект. Тој очекува трошоците за електрична енергија да се намалат најмалку 70 проценти.
Системот ќе складира енергија во батерии и може да се надгради со дополнителни. Целта е целосно покривање на потрошувачката и енергетска независност на општинскиот објект.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.