За пристап до Бутел, возилата ќе се движат по улицата Бутелска, лево по Александар Урдаревски, лево по Боца Иванова и десно до влезот на гробиштата. При излез ќе продолжат десно по Боца Иванова до кружниот тек со Бутелска, потоа лево по Бутелска и десно по Кемал Сејфула.
Посебен режим ќе има и кај гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров. МВР ги повика граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на сообраќајниците опфатени со режимот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.