Операциите ги извршиле хирурзи од медицинскиот центар „Шеба“ од Тел Авив и македонски тимови. Вкупно биле направени и 24 специјалистички прегледи на повредени во Кочани.
Фокусот на израелските хирурзи бил на шаките и рацете, со интервенции за подобрување на нивната функција. Операциите опфатиле отстранување и корекција на лузни, ослободување контрактури, „Z“-пластика и кожни трансплантати со полна дебелина.
Другите десет операции биле извршени во Општата болница Кочани. Следењето на пациентите продолжува на Клиниката, а пациентите оперирани во Кочани ќе ги продолжат контролите блиску до дома.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.